Насловна / Вести / Србија формираше работна група за стратешки енергетски проекти

Србија формираше работна група за стратешки енергетски проекти

Со одлука на владата на Србија, формирана е Работна група за стратешки енергетски проекти. Одлуката е донесена во согласност со Уредбата за утврдување на Програмата за остварување на Стратегијата за развој на енергетиката на Република Србија до 2025 година, со проекција до 2030 година. Задачите на работната група се одредување на критериуми за донесување одлуки за изградба на објекти, анализа на барањата ан промотерите на проекти и вреднување на проектите во согласност со категоријата на стратешки енергетски проекти. Исто така, меѓу обврските на Работната групе ќе биде и предлагање на листа на кандидати за стратешки енергетски проекти, како и изработка на нацрт закон со кој ќе се уредат прашањата во врска со проектите.

Работната група исто така ќе ја следи и реализацијата на стратешките енерегтски проекти, ќе подготвува годишен извештај за секој проект од областа ан електричната енергиај и природниот гас, и ќе ги доставува до Секретаријатот на Енергетската заедница во Виена.

Работната група ќе соработува со координаторот на проектите од интерес за Енергетската заедница (PECI координаторот), како и со други заинтересирани страни за реализација на проекти. Работната група ќе ги следи и активностите на надлежните органи во врска со одлуките за изградба и исполнувањето на зададените рокови.

За раководител на работната група е именуван актуелниот министер за рударство и енергетика, а за заменик е поставен државниот секретар на министерството за рударство и енергетика.

srbija1

Испрати коментар

Scroll To Top