Насловна / Вести / Спојување и мешање на различни стилови

Спојување и мешање на различни стилови

Пред архитектот Пако Радовановиќ од архитектонското студио „Радо инженеринг“ од Скопје, поставена е задача да се дизајнира ентериер за стан од 200 метри квадратни за четиричлено семејство, во зграда за колективно домување. Во согласност со инвеститорот, авторот се одлучува за еклектички пристап во решавање на ентериерот.2

Еклектизам е пристап на решавање на проблем, кој не се држи до ниту една ригидна парадигма на претпоставки и заклучоци, туку овозможува повеќеструки комбинации и применува само одредени естетски решенија. Еклектицизмот смета дека барањето на естетските решенија не се исцрпува во еден стил или во една варијација. Поимот потекнува од грчкиот збор eklektikus – барање на најдобро.5 3

Еклектизам во ентериерот е спојување и мешање на различни стилови или позајмување на елементи (тука имаме од „акционо сликарство“ на Џексон Полок со скулптура на Васил Василев). Често се контрадикторни при нивното спојување во нови целини и композиции. Со тоа се придонесува во уметноста на среќно живеење. А среќното живеење се одликува со удобност, топлина, сигурност, утеха, дружељубивост, недостаток на присуство на што и да е напорно и емоционално исцрпувачки, уживање со енергијата околу себе и во себе.1 6 7 8 11 10

Подготви: Студио „Радо инженеринг“, Скопје

Фото: А. Тилиќ

Испрати коментар

Scroll To Top