Насловна / Вести / Германија со раст на капацитетите за складирање на енергија

Германија со раст на капацитетите за складирање на енергија

Skladiranje energija Germanija Steag akumulatori

Според наводите на Team Consult, Германија оваа година ќе ги зголеми тројно своите капацитети за складирање на енергија, односно од 60 на 200 MW. Со оглед на фактот што електроенергетската мрежа на оваа земја не е доволно развиена за прифаќање на значителниот пораст на зелените извори на енергија, складирањето на енергијата се покажува како значајна и витална прилика за брзо балансирање на снабдувањето и ефикасно обезбедување на целиот енергетски систем.

Skladiranje energija Germanija Steag akumulatori presekSkladiranje energija Germanija Steag sefovi

Team Consult проценува дека пазарот за складирање на енергија во Германија има потенцијал од 800 MW, што значи дека до крајот на годината ќе биде исполнет само 25% од овој максимум. Изградбата на нови постројки за складирање на енергија ќе замени некои од активните термоцентрали. Еден од најголемите вакви проекти годинава е оној на енергетската компанија Steag, која на локација од неколку термоцентрали на јаглен ќе изгради шест постројки за складирање на енергија од по 15 MW.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top