Насловна / Архитектура / Спој на смели бои, динамични материјали и традиционални детали

Спој на смели бои, динамични материјали и традиционални детали

google madrid_13_resize
На листата за претставување на нови канцеларии и седишта на глобалната компанија Google ширум светот, на ред дојде и шпанската метропола Мадрид. Се работи за седиште, кое е проект на архитектонското биро Jump Studios од Лондон. Деловниот простор зазема два ката од зградата Torrе Picasso и има разнолик ентериер. Како што се очекуваше, просторот е дефиниран со флексибилност и функционалност. Се работи за удобен и уникатен простор, кој, исто така, е исполнет со локален шарм. Архитектите дизајнирале радосен и шарен дизајн.

google madrid_12_resize google madrid_11_resize google madrid_07_resize google madrid_01_resize google madrid_04_resize google madrid_05_resize
Долното ниво содржи рецепција, простор за предавања, киносала и кафетеријата, како и канцелариски простор. Кујната е опкружена со ѕид од плута и со полици и мали ормани за чување.
Горното ниво има дрвени сводови слични на оние што се наоѓаат во традиционалната шпанска архитектура, и тие го одделуваат работниот простор од собата за состаноци.
Се разбира, ова седиште на Google има и рекреативен простор. На исто ниво, можете да најдете соби за неформални разговори и презентации, соба за масажа и еден дел со лежалки.
Општо земено, како што рековме на почетокот, во овој деловен простор постои висок степен на флексибилност и функционалност, но, исто така, има и силен идентитет. Распоредот и декорот се одраз на стилот на компанијата. Тоа е хармоничен спој на смели бои, декор, динамични и необични материјали и традиционални детали.

google madrid_06_resize google madrid_09_resize google madrid_10_resize google madrid_08_resize

Испрати коментар

Scroll To Top