Насловна / Арт и дизајн / „Спас“ за „зависниците“ од паметни телефони

„Спас“ за „зависниците“ од паметни телефони

Австрискиот дизајнер за продукти и мебел Клеменс Шилингер направи уред, кој има за цел да им помогне на „зависниците“ на паметните телефони.ph

Шилингер креира серија од пет „заменливи телефони“ кои се содржат од редови камени монстри. Тие можат да се вртат налик на „скролање“ по телефонот, само што не користете вистински.p

Дизајнерот кој живее и работи во Виена вели дека е инспириран од документарен филм кој го прикажува писателот Умберто Еко како се обидува да ја совлада својата зависност од никотин, така што си става стапчиња во уста, како замена за вистинско луле.phonesсjpg

„Се сетив на ова и помислив да направам телефони кои може да обезбедат иста физичка акција, но без поврзаноста“, изјави Шилингер.phones

„Се повеќе луѓето чувствуваат потреба да ги проверат своите мобилни телефони, па дури и ако не очекуваат специфична порака или повик. Овие набљудувања инспирирани од идејата да се направи алатка што ќе помогнат да се спречи оваа навика на проверување“.

На веб-страницата на Шилингер стои најава дека набрзо ќе биде отворена продавница.phone

Тој, исто така, дизајнираше „офлајн лампа“ која ќе се уклучува откако корисникот ќе го остави својот паметен телефон во фиока од својата масичка. Фиоката ја препознава просечната тежина на паметните телефони, со што го регулира прекинувачот.phon

Лампата и телефонот што служи за замена беа презентирани пред неколку месеци на изложба во склоп на Неделата на дизајн во Виена.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top