Насловна / Архитектура / „Сотогранде“ – совршен комплекс за живеење

„Сотогранде“ – совршен комплекс за живеење

сотогранде

„Сотогранде“ е исклучителен и ексклузивен станбен комплекс близу Кадиз, Андалузија, Шпанија. Жителите на „Сотогранде“ се богати и познати, политичари, актери, па дури и членови на кралското семејство.

сотогранде (2)

Овој исклучителен имот, што денес го претставуваме како дел од „Сотогранде“, има совршени градини и тераси, отворен и затворен базен, тениско игралиште, доволен простор во гаражата за осум автомобили…

сотогранде (16)

Вилата има три ката, девет спални соби и девет бањи, и вкупно 3.000 м2 простор за живеење. Тука се, исто така, и кино сала, игротека, винарска визба и одлично опремена сала за вежбање.сотогранде (3) сотогранде (4) сотогранде (5)

Овој имот се наоѓа на „Коста дел Сол“ и претставува нешто најлуксузно што во овој дел на светот може да се види. Опкружен е со други богати и луксузни вили, како и спортски објекти со сите оние елементи кои богатите и славните ги сакаат во својата близина. Се разбира, во согласност со нејзините станари, во оваа област, исто така има и луксузна марина.сотогранде (7) сотогранде (8) сотогранде (9) сотогранде (10) сотогранде (11) сотогранде (12) сотогранде (14) сотогранде (15) сотогранде (17) сотогранде (18)

Овој имот е се уште во фаза на комплетно завршување, а цената ќе му биде околу седум милиони евра.

Испрати коментар

Scroll To Top