Насловна / Архитектура / Соопштение на граѓанската иницијатива ГО САКАМ ГТЦ

Соопштение на граѓанската иницијатива ГО САКАМ ГТЦ

Почитувани сограѓани

Деновиве сме сведоци дека кај спиралните скали на ГТЦ без никаква предходна најава и образложение започна да се гради конструкција за лифт од страна на АД ГТЦ заради што е срушена  бетонската ограда од самиот објект на ГТЦ. Оваа постапка има повеќе димензии кои се обидовме да ги истражиме, но ова е секако показ дека  не е извлечена поука од случувањата во доскорашнотот минато на ГТЦ, не е потврдена свесноста за неговите вредност, дури не постои ни кај оние кои се надлежни за објектот. Ова случување во време на рестриктивно движење и здравствена криза со право предизвика реакции кај граѓаните, припадниците на иницијативата Го сакам ГТЦ и особено кај архитектите.

Во име на иницијативата Го сакам ГТЦ на оваа тема се обавени контакти со надлежните и остварена е средба со директорот на ГТЦ и неговиот потесен тим. При тоа е дискутирано за многу аспекти на постапката особено за добрите намери на учесниците но и за неспорните факти на настанатиот момент.

Сакаме да ве информираме дека во овој момент сите работи на оваа бесправна градба се запрени и се надеваме нема да бидат продолжени со оглед дека претставуваат сквернавење на објект со атрибути на културно наследство и симболика на граѓанската борба за Скопје. Свесни за потребата на развој и “живеење“ на ГТЦ се надевавме на редовни консултации со стручната фела.однапред за било која  интервенција на објектот (што и не беше случај со скорашната  реализација на кровната градина!).

Очекуваме ургентен ангажман на надлежните институции и субјекти  во Општина Центар и Град Скопје што би значело брза постапка за отклонување на бесправно поставената челична конструкција (со издавање решение за рушење) и доведување на целиот сегмент на објектот во предходна состојба (со консултација на високо стручни реставратори)

Се надеваме дека сите чинители сериозно ќе ја сватат состојбата и ќе се откажат од ова непромислено и брзоплето решение на некои нејасни интереси изнесени од менаџментот на ГТЦ. Иницијативата Го сакам ГТЦ и понатаму будно ќе го следи овој процес и упатува апел настанатиот проблем да се реши во рамките на институциите но доколку е потребно спремна е целиот свој капацитет и сите средства да се спротиствави на било која непромисленост.

gtc

Да се потсетиме и што изјави директорот на ГТЦ Ѓоко Трајчевски: „Нормално дека сега не изгледа убаво бидејќи се гради. Не е наменет само за зелениот покрив туку ќе има пристап до подрумот, приземје, прв кат и на покривот. Потребно е вакво нешто, бидејќи лифтови има само на средина во трговскиот кои се многу користени. ГТЦ мора да се развива“

gtc1

Испрати коментар

Scroll To Top