Насловна / Вести / Сообраќајот во Скопје неделава ќе биде со привремен режим

Сообраќајот во Скопје неделава ќе биде со привремен режим

rezim vo skopje soobrakaj

Градот Скопје ги известува граѓаните дека од денеска по 15 часот, ќе почне нанесувањето на завршниот слој асфалт на новопробиените две сообраќајни ленти на булеварот „Трета македонска бригада“ во Аеродром. Поради тоа, на делови од овој булевар ќе се воведе привремен сообраќаен режим, и тоа:
Денеска попладне и утре ќе се асфалтира потегот од бензинската станица „Пуцко петрол“ до објектот на Американ колеџ. Поради тоа за сообраќај ќе се затвори дел од раскрсницата кај објектот на „Тинекс“ и влезот во бензинската станица „Пуцко петрол“. Во текот на утрешниот ден, пристап кон сервисната улица кај „Тинекс“ ќе има од сервисната улица кај „Карпет макс“ и „Метро“.
Во четврток ќе се асфалтира делницата од објектот на Американ колеџ до сервисната улица кај „Карпет макс“ и „Метро“.
Во петок ќе се асфалтира делницата од „Карпет макс“ и „Метро“ до крстосницата со булеварот „Србија“.
Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење според условите на патот. Градот Скопје апелира граѓаните, доколку се во можност, да ја користат околната улична мрежа.

Испрати коментар

Scroll To Top