Насловна / Вести / Прослава по повод реновирањето на ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола

Прослава по повод реновирањето на ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола

georgi sugarev bitola

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието во соработка со општина Битола, денеска ќе го прослави завршетокот на реновирањето на основното училиште „Ѓорѓи Сугарев“.
Ученичката заедница во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ е од различни мешани етнички групи, Македонци, Албанци, Роми и Турци.
Како што соопштија од Проектот, процесот на реновирање, финансиски поддржан од страна на владата на САД преку Европската команда на американската војска, ја покажа моќта на заедничката работа со ангажирање на сите членови на заедницата.
На манифестацијата се очекува да присуствуваат директорот на Мисијата на УСАИД во Македонија Џејмс Стеин, Воздухопловното аташе на Американската амбасада во Македонија потполковник Борис Гершман, градоначалникот на општина Битола Владимир Талески, извршниот директор на Македонскиот центар за граѓанско образование Лорета Георгиева и директорот на училиштето Загорка Јовчевска.

2 коментари

  1. gyza veslova

    bravo vo naseto uclsteenajubavosreknasumstoucamtamu iblagdarnasum mnogu na nastavnckata ana nanova sreken praznik isvnjubo iubav odmor

Испрати коментар

Scroll To Top