Насловна / Архитектура / Sometimes all you need is a new perspective

Sometimes all you need is a new perspective

Предизвик за изразување на дизајнерските способности на тимот на Биропроект беше внатрешното уредување на деловниот простор на компанијата ГЛОРИ ГБ – увозник и дистрибутер на очила за сонце и оптички рамки.

2KK_8576

Деловниот простор се наоѓа во приземјето на објект од ниска станбена структура и зафаќа  површина од 150 м2. 2KK_8728

Инвестиротот имаше желба да направи модерен и уникатен простор со акцент на лоби делот, кое ќе може да опслужи поголем број на клиенти.

Организацијата на просторот и диспозицијата на секое парче мебел беше усогласена со потребите и барањата, а внатрешното уредување во склад со моменталните трендови во дизјанирањето. Од тука изборот на употребени материјали e иверка со дезен на бетон, осб табли, фарбан медијапан, фурниран медијапан, ѕидни обработки со тула и бетон, тапети и сл. Делот со маси и столици е потенциран со дрвени талпи (тонирани во повеќе нијанси), кои од ѕидот продолжуваат на плафонот, и се заокружуваат со вертикално поставени јажиња пред кои е поставена жардињера со зеленило.

2KK_8597

2KK_8654

2KK_8540

Покрај комплетно ентериерно решение, беше проектирано и фасадно обликување на објектот, како и проектирање и изведба на хортикултурно и партерно уредување на дворот, со што се доби еден комплетен визуелен идентитет на компанијата.

Задниот дел е целосно хортикултурно уреден со тревна површина од околу 100м2, која од две страни, по должина на оградата ја следат растителни аранжмани од ниска и висока вегетација, која во различен перидот од годината би се истакнувала со динамика и колоритност. Движењето низ тревникот е предвидено со гранитни плочи меѓу кои фугата би претставувала дел од тревната површина.

Составен дел на дворот е и летниковец каде преку сезоната би се одржувале приватни и деловни состаноци.

2KK_8712

При реализацијата на овој проект, во целост беше почитувана техничката документација која ги отсликуваше нашите идеи и замисли, а воедно и барањата и потребите на инвеститорот.

2KK_8519

2KK_8538

2KK_8585

^DB299E7DBA364D0E888C4794DDF51D58491CDB5E9A9237A06F^pimgpsh_fullsize_distr

2KK_8622

2KK_8581

2KK_8688

Автор: Тим на Биропроект

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top