Насловна / Архитектура / SoLo – иновативен „off-grid“ дизајн

SoLo – иновативен „off-grid“ дизајн

На најновите награди Wood Design & Building Awards, SoLo доби награда за посебни достигнувања. Дрвото беше избрано за примарен конструктивен материјал на ова живеалиште, што резултираше во проект кој има нула емисии на јаглерод. Дрвото е во целост изложено низ домот – „храм на елата“. Додека SoLo се истакнува како исклучителен пример за одржлива конструкција на предизвикувачка локација, дрвената конструкција исто така претставува клучен чекор во развојот на употребата на дрвото во поголемите згради.

Lokacija_resize

Со изведбата на овој дом, архитектите Perkins&Will, истражуваа различни можности за монтажата и детали за фасадата со масивна дрвена граѓа и начини како да се примени на средни и високи згради. Еден од следните проекти што го планираат архитектите е кула во Ванкувер,  Канада со 37 ката – со што се поместуваат границите за комбиниран конструктивен систем дрво/бетон.

Lokacija 3_resize

За изведба на вакви големи системи неопходна е соработка со инженери и фабрики за префабрикување за развој на фасаден систем заснован на дрво кој би функционирал слично како и другите префабрикувани фасадни системи. Развојот на ваков фасаден систем треба да ги задоволи сите аспекти на квалитетна фасада, како издржливост на временски услови така и термички перформанс.

Fasada 4_resize

Fasada 3_resize

НЕТИПИЧЕН АЛПСКИ ДОМ

Високите термички перформанси се дел од она што го прави овој дом единствен. Сместен на врвот на шумата, со поглед на спектакуларната долина Soo, северно од Вистлер во крајбрежните планини на Британска Колумбија, SoLo не е типичен алпски дом. Идејата на клиентот е да биде пионер во идната алпска заедница со нула емисии, и Perkins&Will  дизајнираа прототип што демонстрира уникатен пристап кон градење во тешко достапна средина. SoLo доби највисок рејтинг од EnerGuide, системот за оценување на енергетските перформанси во Канада и го надминува Чекор 5 од енергетскиот кодекс на Британска Колумбија, што укажува на највисоко ниво на енергетска ефикасност во покраината.

Lokacija 2_resize

За да се минимизира нарушувањето на локацијата, модуларниот монтажен дом е поставен на лесна конструкција над нерамниот терен, зајакнувајќи ја неговата врска со локацијата како „посетител“. Со ваквиот пристап се дозволува природата и локацијата да останат во фокусот. SoLo поседува едноставна естетика и воздржана палета на материјали.

Soo Valley

ЕНТЕРИЕР БЕЗ ШТЕТНИ ХЕМИКАЛИИ

Ентериерот на куќата има само шест материјали, а елата се забележува низ целата структура и завршна обработка. Како дел од заложба за унапредување на здравјето и благосостојбата, архитектите ја елиминираа употребата на штетни хемикалии.

Soo Valley

Решавајќи ги предизвиците предвидени со оддалечената локација и кратката градежна сезона, на локалните градители им беше наложено да ги монтираат дрвените модуларни градежни елементи надвор од локацијата. Ова беше од суштинско значење за да се овозможи брзо подигање на објектот во летната сезона, истовремено намалувајќи ја количината на опрема и материјали потребни на самото место – исто така со ваква организација се намали вградениот јаглероден отпечаток на проектот.

Enterier 3_resize

Со оглед на екстремната клима, од клучно значење беше да се има пристап „пред затворање“ за да се обезбеди ефикасност и извонреден комфор. Запазувајќи ги принципите и стандардите на пасивна куќа, дизајнерите применуваа двослоен пристап кон куќиштето. Надворешната рамка од масивна конструкција делува како штит, спротивставувајќи се на времето, додека изолираниот внатрешен слој делува како топлинска бариера. За да се постигнат посакуваните термички параметри  било спроведено детално термичко моделирање за секоја временска состојба. Дури и со огромните отвори за да се долови погледот на природата, домот има добиено сертификација за PHI Low Energy Building.

Enterier 6_resize

Enterier 7_resize

Како „off-grid“ дом, потребни се неколку системи за оперативна независност на домот. Со цел да се елиминира согорување на фосилните горива, напојувањето се обезбедува со фотоволтаични панели монтирани вертикално на јужната фасада и со систем за геотермални пумпи, додека за дополнителна енергија инсталирани се батерии на водород. Во куќата е инсталиран систем за собирање и третирање вода за пиење и систем за прочистување на отпадните води. Резултатот е паметна куќа од 380 квадратни метри, што генерира повеќе енергија отколку што користи. SoLo ги спојува убавината и функцијата, истовремено оптимизирајќи ја употребата на дрво за да ги постигне своите цели.

Soo Valley

Enterier 5_resize

Enterier 1_resize

Soo Valley

Soo Valley

Soo Valley

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top