Насловна / Вести / „Солидарен придонес“: ЕУ бара дел од профитот на компаниите за фосилни горива?

„Солидарен придонес“: ЕУ бара дел од профитот на компаниите за фосилни горива?

Европската комисија има намера да побара од компаниите за фосилни горива кои ќе профитираат од скокот на цените на енергентите да дадат свој финансиски придонес. На овој чекор се одлучила со цел да се помогне на граѓаните и економијата да се изборат со растечките трошоци за енергија. Ова се наведува во нацртот на документот кој Брисел треба да го претставии оваа недела. Имено, компаниите за нафта, гас, јаглен и рафинериите од земјите членки на ЕУ би морале да дадат финансиски придонес врз основа на оданочената добивка остварена во 2022 година.

solidarity1

Притоа се истакнува дека станува збор за привремена мерка, со цел да се помогне на владите во ублажувањето на енергетската криза. Тука би требало да биде вклучена и поддршката за домаќинствата и компаниите кои се соочуваат со високи сметки за енергија, како и помош за енергетски интензивните индустрии. Дел од средствата ќе бидат насочени и кон подобрување на состојбата со залихите на енергенти.

solidarity2

„Солидарните придонеси се оправдани поради фактот што овие компании остваруваат неочекувано високи профити, со оглед на непредвидените околности“, се вели во нацртот на овој предлог. Мерката треба да биде усвоена од мнозинството од 27-те земји членки, односно не се бара едногласно усвојување.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top