Насловна / Вести / Соларната енергија за спас од катастрофалните последици од климатските промени – порачаа младите

Соларната енергија за спас од катастрофалните последици од климатските промени – порачаа младите

Еден час енергија од сонцето може да ги задоволи потребите на човекот за една година – истакна професорот Илија Насов, на предавањето одржано како дел од саемот за зелени работни места, одржан во Кичево на 12-ти април.solarna energija_8

Модерната човечка цивилизација може целосно да се напојува од соларната енергија, доколку се искористи на правилен начин. Слабата законска регулација и недостаток на свест, како и поддршката на фосилните горива се причините за неискористениот потенцијал на соларната енергија, иако таа може да ги задоволи потребите на модерната човечка цивилизација и целосно да ги замени фосилните горива (нафта, јаглен и гас).solarna energija_4

Масовно користење на велосипеди, вертикални градини, соларни панели наместо покриви и прозорци, обновливи извори на енергија наместо фосилни горива, електрични автомобили, одбивање на употреба на пластика и многу други решенија за навремено стопирање на катастрофалните последици од климатските промени произлегоа на 10 дневната младинска размена „Разбуди се – Преземи акција“ одржана во Маврово. solarna energija_2

На младинската размена учествуваа учесници од Македонија, Норвешка, Германија, Хрватска, Грција, Шпанија и Велика Британија и се одржа од 4ти до 13ти април во хотел Алпина во Маврово.solarna energija_3

Младите од седум различни држави од Европа имаа можност преку дискусии, игри, едукативни видеа, дебата, презентации, предизвици, едукативни посети и акција на терен да го збогатат своето знаење за климатските промени, договорот склучен во Париз минатата година на КОП21 и националните придонеси за климатските промени на сите седум држави учесници на овој семинар.solarna energija_1

Младинската размена „Разбуди се – Преземи акција“ е проект од програмата „Еразмус плус“ финансиран од Норвешката национална агенција, за кој младинската еколошка организација Гоу Грин Скопје беше домаќин и организатор.solarna energija_5 solarna energija_6 solarna energija_7

Испрати коментар

Scroll To Top