Насловна / Вести / Соларната електрана „Караваста“ во Албанија, ќе произведува најефтина струја на Балканот

Соларната електрана „Караваста“ во Албанија, ќе произведува најефтина струја на Балканот

На втората аукција за фотоволтаични системи со голем капацитет во земјата, француската компанија Voltalia понудила да ја продава електричната енергија за само 24,89 евра по MWh, што е рекорд во регионот. Соларната електрана „Караваста“ во Албанија, инаку потпиша петнаесетгодишен договор за фиксна цена со државата за половина од производството од капацитетот со моќност од  140 MW. Електраната се наоѓа на јадранскиот брег, југозападно од Тирана. Во споредба со оваа најниска постигната цена, плафонот бил поставен на 55 евра по MWh. Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), била задолжена за техничката поддршка.  Voltalia  е избрана да ја изгради постројката и со неа да управува, а по фиксна цена да продава половина од произведената енергија. Другата половина може слободно да ја пласира на пазарот. „Владата имаше храброст да испланира и спроведе постапка, а наградата е најниска цена на Балканот. Тоа ја покажува моќта на пазарот. Доколку имате добро структуриран тендер, се создава одлична конкуренција“, изјавил Harry Boyd-Carpenter, одговорен за енергетика во ЕБОР за Ебвропа, Блискиот исток и Азија.

Соларната електрана „Караваста“ сега би била најголема во европа, но Грција и Романија веќе се во постапка на изградба на огромни фотоволтаични системи во своите некогашни  јагленокопи, а амбициозни планови има и Турција. Албанија работи на диверзификација на својот енергетски микс во кој доминираат хидроцентралите. Портфолиото на компанијата Voltalia вклучува ветерни паркови, хидроцентрали, системи на биомаса и системи за складирање на енергија. Поседува вкупен инсталиран капацитет од над 1GW.

karavasta1

karavasta2

Karavasta3

 

Испрати коментар

Scroll To Top