Насловна / Вести / Соковите Нектар во амбалажа од растително потекло

Соковите Нектар во амбалажа од растително потекло

Нектар групата, лидер на пазарот за овошни сокови во регионот, најави вложување од седум милиони евра во производство на „зелена“ енергија и воведување нова амбалажа од растително потекло во своето стратешко определување да работи одржливо.

nektar_resize

Нектар прв во регионот најави дека ќе премине на пакување од растително потекло со својот долгогодишен партнер, глобален лидер во сегментот на картонска амбалажа, компанијата Tetra Pak. „Станува збор за пакувања кои се 84 отсто од растително потекло на база на шеќерна трска, со 18 отсто намалена емисија на јаглерод диоксид во однос на стандардните пакувања“, изјавила Душица Бојиќ, маркетинг менаџер на Tetra Pak за Јгоисточна Европа. Најавено е и понатамошно унапредување на енергетската ефикасност и вложување преку седум милиони евра во одржливи извори на енергија во кои се користи органски отпад од преработка на овошјето и други органски материи за производство на „зелена енергија“ со цел намалување на емисијата на штетни гасови за 20 отсто до 2030. година.

нектар_resize

Испрати коментар

Scroll To Top