Насловна / Вести / Софистицирана куќа за одмор на Софија Копола

Софистицирана куќа за одмор на Софија Копола

Ако сте се запрашале како изгледа и каде се одмора познатата филмска режисерка Софија Копола, која неодамна доби награда на фестивалот во Кан за најдобра режија за филмот The Beguiled, тогаш еве ви можност да видите како изгледа нејзината куќа за одмор.софија_1

Куќата се наоѓа во Белизе, како дел од хотелот Turtle Inn, кој го отворил нејзиниот татко и славен режисер Френсис Форд Копола. Таа е направена од дрво и е дизајнирана од страна на францускиот архитект Laurent Deroo, кој целиот изглед на куќата го темелел на основа на едноставност и софистицираност, токму како што е и самата оскаровка Софија, позната по филмовите како што се Lost in Translation, Somewhere, The Bling Ring…софија_6

Она што воодушевува во куќата е прилично едноставното внатрешно уредување, кое потсетува на удобност. Исто така, тука е и приватниот базен, кој спонтано продолжува на терасата, а и прекрасниот панорамски поглед.софија_5 софија_4 софија_3 софија_2

Испрати коментар

Scroll To Top