Насловна / Архитектура / Наградата „Мис ван дер Рое“ оваа година во Амстердам

Наградата „Мис ван дер Рое“ оваа година во Амстердам

deflat-kleiburg-nl-architects-xvw-architectuur-architecture-housing-residential_dezeen_2364_heroНаградата на Европската Унија за современа архитектура „Мис ван дер Рое“ за 2017 година, отиде во рацете  на холандските студија NL Architects и XVW Architectuur за иновативното реновирање на оштетена и дотраена станбена зграда од 60-тите, во Амстердам. Со својот проект наречен deFlat, тие го спасиле од рушење еден од најголемите холандски станбени блокови. Со слични проблеми се соочуваат и други објекти од тој период. Зградата Kleiburg е со должина од 400 метри, 11 ката и вкупно 500 станови.NL-.-XVW-.-deFlat-Kleiburg-.-Amsterdam-4-1200x800
DeFlat славеше во конкуренција на пет проекти кои се најдоа во најтесниот избор. Оваа награда која го носи името на германско-американскиот архитект Лудвиг Мис ван дер Рое, е најпрестижно признание на европската архитектура. Наградата од 60.000 евра се доделува на најдобриот проект изведен во последните две години, кој е дело на европски архитекти.SP2015-Kleiburg-24-HiRes_a NL-.-XVW-.-deFlat-Kleiburg-.-Amsterdam-1 NL-.-XVW-.-deFlat-Kleiburg-.-Amsterdam-18-1200x1800 EU_collage

Испрати коментар

Scroll To Top