Насловна / Архитектура / Snøhetta создаде вештачки и слоевит остров во Норвешка

Snøhetta создаде вештачки и слоевит остров во Норвешка

Норвешкото архитектонско биро Snøhetta создаде вештачки и слоевит остров за да ги ревитализира пристанишните бањи од 1930-тите во Арендал, Норвешка.

2_resize

Наречено Knubben, бирото имало јасна визија за овој проект, да дизајнира препознатлив  остров составен од „меки вдлабнати и конвексни sидови кои формираат шуплини“.

Предлогот на Snøhetta е дизајниран да „личи на блок од камен обликуван за време на последниот леден период“, проектот е направен од брусени форми каде што меките конкавни и конвексни sидови ќе формираат свој пејзаж.

1_resize

Капалиштето Knubben,  првобитно е проектирано од Ketil Ugland, а објектот функционирал за пливачкиот клуб Арендал за натпревари во нуркање, обука за пливање и други водни активности до 1947 година.

Структурата била реотворена за употреба во 1960 -тите, овој пат како џез -клуб, со своите тенки и чисти линии. Knubben бил замислен како мал, но елегантен пример на модернистичката ера. Во 1980 -тите, значителен дел од структурата се распаднал, а платформата за нуркање била срушена.

6_resize

Во 2018 година, Snøhetta добиле нарачка да го редизајнираат објектот со студија за изводливост. Врз основа на оригиналната идеја за структурата, архитектите го реинтерпретирале новиот Knubben, како архитектонски одговор на минатото, со цел да ги зачуваат виталните делови кои треба да се меморизираат, истовремено потенцирајќи го станувањето на Арендал урбана дестинација и за домашна и за меѓународната публика.

3_resize

Првата идеја била да се осмисли структурата како проект за реновирање прилагоден на нејзината оригинална слава. Сепак, Snøhetta сакале да ги подобрат можностите на структурата на островот, правејќи го повеќенаменско место – за повеќе од само водени активности.

Snøhetta проектирале за Knubben нов дел кој ќе се издигне како градба темелена на челични шипови,  дополнително проширувајќи го пространството и можностите на островот.

4_resize

Замислен како вештачка структура, проектот се инспирира од формите кои архитектите ги наоѓаат на островчињата долж норвешкиот брег.

Новата архитектура на Knubben „ќе го претстави теренот што е можно попрецизно“, како што објаснија архитектите, конструкцијата ќе се состои од хоризонтални слоеви по изохипсите.

5_resize

„Како робусна карпа која може да издржи оштетувања, Knubben ќе биде живо место за средби и дружење кое може да се користи преку целата година“, велат Snøhetta во описот на проектот.

Објектот ќе се состои од сцена под отворено небо заедно со скулптурален амфитеатар, создавајќи амбиент за сите видови претстави. Внатрешни простори, вклучувајќи ресторан и простори за поинтимни концерти, ќе бидат додадени на Knubben.

Од бирото велат: „како што стануваме се поурбани, копнееме за контакт со природата“.

„Knubben ќе биде социјално место за дружење кое ќе обезбедува чувство на блискост до морето и ќе послужи како позадина за мноштво активности и искуства. Тоа ќе биде смирувачко место на сонце во тек на жешка летна вечер, центар за културни настани и место за уживање во добра храна по ледена бања во студениот зимски ден “.

Новиот Knubben ќе ги отвори вратите за јавноста во 2024 година.

Испрати коментар

Scroll To Top