Насловна / Вести / Словенија планира енерегетска реконструкција за 74% куќи и 91% згради до 2050 година

Словенија планира енерегетска реконструкција за 74% куќи и 91% згради до 2050 година

Долгорочната стратегија за енергетска реконструкција на зградите до 2050 година, предвидува намалување на емисиите на гасови со ефект на стаклена градина за 70% до 2030 година, и емисиите на CO2 за 75% до 2050 година, во споредба со нивоата од 2005 година.

Словенечката долгорочна стратегија за енергетска реконструкција до 2050 година, која е усвоена од страна на Владата на Словенија, ги дефинира политиките за декарбонизација на националниот фонд на згради и мерките кои ги поддржуваат целите за секторот згради, дефинирани во Национален енергетски и климатски план.

refurbishment1

Клучните цели до 2030 година се намалување на емисиите на гасови со ефект на стаклена градина во зградите за најмалку 70%, и обновливите извори на енергија да сочинуваат најмалку две третини од потрошената енергија во зградите.  Стратегијата мора да се спроведе во согласност со клучната цел на Европската унија – енергетската ефикасност е на прво место, бидејќи заштедата на енергија е најлесен начин да се заштедат пари и да се намалат емисиите на стакленички гасови.

До 2050 година предвидено е да се обноват 74% од индивидуалните куќи и 91% од зградите, што би требало да ја намали финалната потрошувачка на енергија за 45%, а емисиите на CO2 за скоро 75% во однос на 2005 година. Реновирањето на зградите е долгорочна задача која постепено ќе го опфати целиот фонд на згради, бидејќи се очекува над 75% од постоечките згради да останат во употреба до 2050 година. Визијата за 2050 година треба да се приближи на нето нулта емисија во градежниот сектор, со употреба на нискојаглеродни и обновливи материјали и фокусирање на греење со технологии на обновливи извори на енергија.

refurbishment2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top