Насловна / Вести / Словенија одвојува 660 милиони евра за зелена транзиција нa компаниите

Словенија одвојува 660 милиони евра за зелена транзиција нa компаниите

Владата на Словенија ќе помогне во опоравувањето од последиците од пандемијата, со 660 милиони евра наменети за компаниите, вклучувајќи 248 милиони евра во грантови. Програмата е фокусирана на малите и средни претпријатија, за ликвидност, зелена транзиција и дигитализација. Министерството за економски развој и технологија во Љубљана, претстави сеопфатна програма за субвенционирање за оваа година, со неповратни средства и средства кои ќе се враќаат, во намера да го поддржи опоравувањето од последиците на пандемијата. Министерството истакнува дека приоритет е обезбедување ликвидност на компаниите, и да се помогне нивната зелена и дигитална транзиција кон поголема додадена вредност.

slovenija1

Словенечкиот фонд за претприемништво ќе одобрува гаранции за заеми во опсег од 60 до 80%, на период од 10 години, со повластени каматни стапки и грејс период до две години. Фондот подготвува заеми од 5.000 до 50.000 евра за помали вложувања и микрокредитирање, кои се достапни по поедноставена процедура. Давателите на разни деловни услуги имаат на располагање ваучери од 9999 евра. Пакетот на Словенечкиот фонд за претприемништво наменет за малите и средни претпријатија изнесува вкупно 210 милиони евра и наменет е за 5200 компании. Се проценува дека ваквиот потег ќе стимулира инвестиции во вредност од 352 милиони евра. Во првиот квартал од годинава, компаниите ќе добијат пристап до средствата од Климатскиот фонд од пет милиони евра за зелена транзиција во циркуларна, нискојаглеродна економија.

slovenija2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top