Насловна / Вести / Словенија го напушта јагленот со помош на ЕУ фондовите

Словенија го напушта јагленот со помош на ЕУ фондовите

Во Словенија, во завршна фаза е меѓуресорска координација за националната стратегија која предвидува земјата да ја напушти индустријата на јаглен во 2033 година. Со одлука на Владата, Словенија ќе се приклучи на мнозинството држави во ЕУ, кои веќе усвоиле ваква одлука. Во овој момент, од пресудно значење е прецизно да се утврди годината за напуштање на јагленот, бидејќи самата таа одлука овозможува апсорпција на одредени средства од ЕУ фондовите за реструктуирање. Во спротивно се губи правото на пристап до тие средства. Стратегијата е само почеток на работата или клучна политичка одредница, а спроведувањето на целите од Статегијата ќе биде долгорочен процес. Стратегијата за економско реструктуирање на Савињско – Шалешкиот регион се базира и на средтвста во висина од 235 милиони евра од Еврпскиот фонд за праведна транзиција и вложување од една милијарда евра за сеопфатно реструктурирање на стопанството. На тој начин ќе се спречат негативните последници од затворањето на рудникот за јаглен во Велење и термоелектраната „Шоштањ“.

slovenia3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top