Насловна / Арт и дизајн / Сликарите на „Грал“

Сликарите на „Грал“

gral
По повод шест години од постоењето на галеријата „Грал“, отворена е изложба на дела од Никола Мартиноски, Петар Мазев, Глигор Чемерски, Илија Пенушлиски, Рубенс Корубин, Мирослав Масин, Жанета Велјановска-Гелевска, Емил Шулајковски, Владимир Симеонов и Менсур Бојда. Изложбата насловена „Сликарите на Грал Галерија“ е дел од процесот и севкупниот континуитет на работата на оваа галерија.

Шестгодишен јубилеј може некому да му заличи на рана адолесценција, но не дај Боже. Биографијата на галеријата „Грал“ е многу подолга и еднакво светла и успешна. Од своите почетоци во раните деведесетти години на минатиот век, галеријата преку своите активности ги здружуваше уметниците од Скопје, Македонија, Вашингтон, Њујорк и Бруклин, Северна Каролина и Франција. Галеријата сврзува повеќе генерации уметници. Застапува различни ликовни дисциплини – сликарство, скулптура, графика, но и уметнички репродукции од светски ремек-дела од сите епохи. Оваа колекција постојано се зголемува и збогатува.

Испрати коментар

Scroll To Top