Насловна / Архитектура / Големата награда за архитектура за Јана Гугуловска Ѓорѓевиќ

Големата награда за архитектура за Јана Гугуловска Ѓорѓевиќ

KIR_0016
Големата награда за архитектура на Асоцијацијата на архитекти на Македонија за реализиран објект, годинава ја доби деловниот објект СЕКТРОН. Награденото дело е труд на проектантското биро СТУДИО 2000, а проектант е Јана Гугуловска Ѓорѓевиќ. Консултант на проектот е Биљана Филиповска.
KIR_0015
Наградата ја врачи претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, кој е и покровител на оваа награда.

DSC_0848
Во образложението на комисијата што ги разгледуваше пристигнатите проекти беше истакнато дека објектот СЕКТРОН, во услови на сложени просторни можности на локацијата, има успешно решение на поливалентноста на внатрешниот простор и со складната употреба на стакло и алуминиум се постигна комплетно обликување на објектот.
DSC_0820
Признанија беа доделени и на објектите што беа влезени во потесниот избор за награда, а тоа се Станбено-деловниот објект БОНИМИ, Градскиот пазар за земјоделски и услужни дејности во Пробиштип и индивидуална станбена куќа – Р со локација во населба „Црниче“ во Скопје.

Испрати коментар

Scroll To Top