Насловна / Вести / Скопски саем – OUTLET, сè за домот

Скопски саем – OUTLET, сè за домот

skopski outlet saem

Од 5 до 14 јуни на манифестацијата Скопски саем – OUTLET, граѓаните ќе можат да најдат сè што им е потребно за домот.
Овој продажен саем е со една и единствена цел, да се уреди домот по намалени OUTLET цени.
Така, граѓаните ќе имаат можност да заштедат, а во исто време да го реновираат, преуредат или изградат својот дом.
Од мебел, електроника, санитарија, плочки до теписи, постелнини или клима уреди, овој продажен саем е причина плус зошто да се посети Скопски саем и да се одбере нешто од богатата понуда на големиот број излагачи и присутни компании чија понуда ќе ги задоволи сите вкусови.
Ако летото е време за одмор, тогаш Скопски OUTLET е празник за домот. Место кое ќе ве разлади и ќе ве освежи со големиот избор на сè она што е потребно за сите домаќинства. Вистинско место да се заштеди време и пари, и да се збогати сечиј дом и задоволи сечиј вкус.
Влезот е бесплатен, а следуваат и големи изненадувања за сите посетители.

Испрати коментар

Scroll To Top