Насловна / Вести / Компанијата RWE ја освои наградата GreenTec

Компанијата RWE ја освои наградата GreenTec

RWE Green Tech

Германската енергетска компанија RWE е наградена со највлијателната европска награда за стопанство и животна средина GreenTec во категоријата „енергија“ за проектот Smart Country. Уште од 2011 година компанијата врши истражувања во регионот Bitburg – Pruem, односно открива алтернативи за задоволување на потребите од енергијa во руралните средини, преку примена на паметни решенија и нови технички компоненти, а моделот Smart Country ги интегрира во постоечката дистрибутивна мрежа.

RWE green tech1
Тие компоненти вклучуваат иновативен систем на биогас кој служи за складирање на електрична енергија, когенеративна електрична централа, фотоволтаици, ветерници и регулатори на напонот. Во мај 2012-та RWE доби државна награда за истиот проект.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top