Насловна / Вести / Скопје во трка за најдобро осветлен град во светот

Скопје во трка за најдобро осветлен град во светот

skopje 2014

City People Light наградата е создадена во 2003 година од страна на Philips и LUCI (Меѓународна заедница за урбано осветлување) за награда на градовите, кои прават обид за преуредување на урбаната околина преку осветлување и изнаоѓање начини за максимизирање на енергетската ефикасност, подобрување на одржливоста и функционалноста на градовите за жителите и посетителите.
Oваа година градот Скопје е во трка за оваа награда во конкуренција со уште неколку светски градови меѓу кои се Лион од Франција, Толедо од Шпанија, Пула од Хрватска и Сеул од Кина. Вашиот глас за Скопје може да го дадете на следниот линк.
Организаторите на натпревот велат дека амбициозниот проект Скопје 2014 му го вратил идентитетот на Скопје срушен по земјотресот во 1963 година и истовремено го ставил главниот град на светската туристичка мапа.
Проектот city.people.light е наша инспиративна иницијатива за да демонстрираме како животот може да биде сменет преку светлината. Тоа е моќна идеја преземена од имагинација на професионалците за светло – велат од Филипс објаснувајќи ја идејата за ваквиот натпревар.

Испрати коментар

Scroll To Top