Насловна / Вести / Сирија ја моли Европа за помош, поради санкциите е невозможно да се испорача

Сирија ја моли Европа за помош, поради санкциите е невозможно да се испорача

Целата европска помош е концентрирана на Турција, порача грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во интервју за ТВ Си-Ен-Ен, истакнувајќи дека прашањето за помошта за Сирија погодена од земјотресот треба да се разгледа на ниво на Европската унија, бидејќи таму поради санкциите невозможно е да се испорача стока.

Според неговите зборови, овој земјотрес не ја погоди само Турција, туку и Сирија. Тој посочува дека ситуацијата во Сирија е уште потешка, бидејќи, всушност, нема официјален соговорник и затоа е потребно да се делува преку меѓународните организации.

s2

На прашањето дали успеало испраќањето помош за Сирија, Мицотакис одговори негативно, нагласувајќи дека на седниците на ЕУ денес и во петок ќе предложи координација на помошта за Дамаск на европско ниво. Тоа би гарантирало дека испратената помош ќе биде доставена таму каде што навистина е најпотребна, заклучува Мицотакис.

Грчкиот премиер оценува дека тука нема „никаков геополитички проблем“.

„Ова не е прашање за признавање на кој било режим. Станува збор за спасување на луѓе кои се во тешка ситуација и на кои очајно им е потребна нашата помош“, порача.

Тој смета дека не може сигурноо да тврди дека сирискиот претседател Башар ал Асад ќе дозволи безбедно поминување на таа помош.

s3

„Затоа мислам дека ниту една земја не може сама да преземе такви мерки. Сметам дека е важно овие преговори да се водат или преку Обединетите нации или преку ЕУ, со колективно користење на ресурси на европско ниво. Не би било безбедно да се одржуваат вакви консултации на билатерално ниво“, заклучи Мицотакис.

Сирискиот министер за надворешни работи Фајсал Мекдад апелираше до европските земји да испратат поголема помош за земјата по разорниот земјотрес, велејќи дека санкциите не се изговор.

ss

„За помошта од Европа не се потребни барања или администрација, бидејќи хуманитарната помош не подлежи на санкции, така што тие не можат да бидат изговор“, вели тој.

„Сите болници во Сирија ги лекуваат жртвите од земјотресот “, изјави Мекдад за либанската телевизија Ал Маyадеен.

Тој додаде дека Сирија преку своите амбасадори побарала меѓународна помош за справување со последиците од катастрофата.

„Многу земји испратија помош за Сирија и им благодариме на сите лидери кои не контактираа. Сепак, ситуацијата е многу тешка и без разлика на обемот на испратената помош, на Сирија и треба повеќе“ нагласи Мекдад.

Во 2011 година, Европската унија воведе санкции против сириската влада, обидувајќи се да го собори претседателот Башар ал Асад. Секоја година санкциите се продолжуваат. Шефот на европската дипломатија Жозеп Борељ, изјави, дека ЕУ нема да ги укине санкциите за Сирија и нема да помогне во обновата на таа земја додека таму не започне промената на власта.

Испрати коментар

Scroll To Top