Насловна / Вести / „Синиот“ бензин наскоро на пазарот – што значи тоа?

„Синиот“ бензин наскоро на пазарот – што значи тоа?

Расте расположивата понуда на обновливи горива со низок удел на јаглерод, а многумина разбирливо се прашуваат дали станува збор за greenwashing, кој дури може дополнително да го одложи преминот кон зелени горива. Bosch, Shell и Volkswagen сега се фокусирани на бензин со ниска концентрација на јаглерод. Во проектот „Син бензин“ (Blue Gasoline), тројцата партнери заеднички ја дефинирале спецификацијата за горивото, земајќи ги во предвид и барањата на моторите и одржливоста. Нивното ново гориво, наречено „син бензин“ обезбедува најмалку 20% пониски емисии на јаглерод. Тоа значи дека флота од 1000 автомобили VW Golf VIII 1.5 TSI би можела да заштеди повеќе од 230 метрички тони CO₂ годишно, под претпоставка за годишна километража од 10.000 километри. Shell ќе ги надомести преостанатите емисии на јаглерод со користење на „синиот бензин“ по пат на сертифицирани offset аранжмани. Почетниот план е горивото да се стави на располагање на редовните бензиски пумпи во текот на годината, почнувајќи од Германија.  Целта е цената на пумпите да биде во рангот на врвните горива, како на пример Shell V-Power. Bosch на своите бензиски пумпи ќе го понуди Blue Gasoline веќе во текот на овој месец. Тоа гориво ги исполнува нормите EN 228/E10 и дури е над пропишаните вредности според клучните параметри како што се стабилност при складиштењето и однесување при вриење.

blue1

blue2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top