Насловна / Вести / Синдикатот на Југохром утре со блокада на патот Тетово – Скопје

Синдикатот на Југохром утре со блокада на патот Тетово – Скопје

Синдикалната организација „Југохром Алзар“ за утре најави протест и блокада на регионалниот пат Тетово – Скопје.

Во соопштението се наведува дека протестот е против, како што велат, неоправданото исклучување на печките во комбинатот за феролегури.

Протестот ќе биде од 11 до 13 часот кај наплатната рампа во Желино, двата правци, а на самиот протест ќе бидат истакнати синдикалните барања.sindikat jugohrom

„Југохром“ на 2 ноември, во согласност со одлуката на Државниот инспекторат за животна средина, ги исклучи сите печки поради, пради како штто с енаведува неисполнување на крајниот рок за поставување филтри на оџаците.

Претходно, „Југохром“ побара18 месечно продолжување на законскиот рок  за да постави филтри за отпрашување.

Вработените досега повеќепати протестираа и во Скопје, со барање да се вратат на своите работните места. Синдикатот на „Југохром“ бара да се тргне забраната за работа на фабриката затоа што, како што велат, возможно е поставувањето филтри во текот на работниот процес.

Вработените бараат да се повлече забраната за работа на комбинатот, од каде што велат дека егзистираат илјадници жители на Јегуновце и регионот.

Испрати коментар

Scroll To Top