Насловна / Вести / Нивото на водата во езерото се пониско

Нивото на водата во езерото се пониско

Нивото на водата во Охридското езеро од ден на ден се пониско. Според последните мерења, е осум сантиметри под минималната кота од 693,10, информира OhridNews.

Речиси и да нема минувач на кејот кој не коментира за намаленото ниво на езерото, а преполни со коментари се и социјалните мрежи. Едни вината ја префрлаат кај ЕЛЕМ и наводното преголемо испуштање на водата од езерото, а други причините ги бараат во намалениот дотек на вода во езерото.огридско езеро

И едните и другите се надеваат дека ваквите драстични промени на нивото нема негативно да влијаат врз живиот свет во езерото.

Испрати коментар

Scroll To Top