Насловна / Вести / Siemens Gamesa ги произведе првите рециклабилни лопатки за ветерни турбини

Siemens Gamesa ги произведе првите рециклабилни лопатки за ветерни турбини

Првите рециклабилни лопатки за ветерни турбини на светот се подготвени за почеток на комерцијалната употреба кај офшор парковите. Siemens Gamesa Renewable Energy ги произведе во својата фабрика во Данска и договорено е со RWE тие да бидат монтирани во во нивниот нов проект „Каскаси“ во Северното море. Таа електрана треба да биде пуштена во погон следната година, а станува збор за лопатки со нов вид смола која може да се издвои на крајот на експлоатациониот век на машината. Со оглед дека се изработуваат од фиберглас, лопатките се компоненти на кои тешко може да им се најде повторна употреба, за разлика од другите компоненти кај ветерните турбини. Досегашните технологии не се доволно зрели, не се широко достапни или не се исплатливи. Со оглед дека ветерните електрани од првата генерација веќе се декомисионираат, одлагањето на толку голема маса од овие компоненти е навистина голем предизвик. WindEurope ја повика Европската комисија да предложи воведување на забрана за одлагање на истрошените лопатки од ветерните турбини од 2025 година, односно нивно задолжително рециклирање после овој рок.

blades1

blades2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top