Насловна / Архитектура / Сибир добива нов културен центар со футуристички дизајн

Сибир добива нов културен центар со футуристички дизајн

До 2024. година во сибирскиот град Кемерово (3.600 километари од Москвa), познат по Кузбаските рудници на јаглен ќе се изгради нов музејски и театарски комплекс.

1

Комплексот е проект на австриското архитектонско биро Coop Himmelb(l)au и е прв проект на ова реномирано биро во Русија. Проектот е претставен на жителите на градот, кои имале можност да го изнесат своето мислење и да дискутираат со властите.

2

Како што наведуваат од Coop Himmelb(l)au, музејскиот и театарски комплекс е создаден да биде отворен и транспарентен. Дизајнот станува „јавно достапна скулптура“ за жителите и посетителите на Кемерово, додека изложената локација пружа видливост во урбаното опкружување. Проектот ќе се поврзе со голема мрежа на јавни шеталишта и плоштади со четири главни функции: театар, музеј и уметнички центар, како и јавно „фоаје“ на врвот на постолјето на проектот. Овој подигнат јавен простор има за цел да дејствува како нова социјална точка на собирање во градот, пишува ArchDaily.

3

Комплексот треба да биде ново, културно јадро на градот во кој ќе бидат сместени филијалите на институциите како што се Мариинскиот театар, Руски музеј и Кузбаски уметнички центар. Новиот објект ќе завземе цела четврт на градскиот центар, покрај реката Искитимка.

5

Во центарот на објектот, срцето на проектот е гледалиште за 950 посетители, кое вклучува сценска кула. Дополнителна програма, како што се канцеларии, простории за ВИП и простории за проби, се организираат во просторот наречен „Cloud“. Специјално за комплексот ќе биде направено вештачко земјено возвишување, а околината ќе биде претворена во живописен парк. Тимот на Coop Himmelb(l)au, напоменува дека постолјето на објектот ќе се протега низ целата локација, како низа тераси, кои можат да се користат во текот на целиот ден.

6

4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top