Насловна / Вести / Швајцарска донација за обнова на училишните сали во Прилеп

Швајцарска донација за обнова на училишните сали во Прилеп

obnova na sali vo prilep_2

Во О.У. „ Гоце Делчев“ во Прилеп во тек е средувањето на спортската сала и поставувањето на новиот изолиран ПВЦ под кој е донација од општина Лозано од Швајцарија од спортскиот центар и е во вредност од 25 илјади евра. Оваа донација ја овозможи Веселин Степаноски наш иселеник во Швајцарија.
Тој при посетата на градоначалникот Марјан Ристески на Лозано договори повеќе донации со кои ќе може да се обноват повеќето спортски сали во нашите училишта и воопшто да се донира во спортот.

obnova na sali vo prilep_1
Градоначалникот Ристески заблагодарувајќи му се на Степаноски за досегашните донации изјави дека наскоро се очекува да пристигне и новиот спортски балон сала која ќе биде вистинска атракција и можност повеќе за се поголемиот број на спортски рекреативци кои сакаат во слободното време здраво да се изградуваат.

Испрати коментар

Scroll To Top