Насловна / Вести / Реконструкција на покривот на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ во Неготино

Реконструкција на покривот на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ во Неготино

negotino6-200-
Започнува реконструкцијата на покривот и покривната конструкција на Националната установа Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ во Неготино, за што средства обезбеди Министерството за култура.

Според Министерството, со овој зафат на објектот Неготино ќе добие простор за непречено одвивање на културните активности во градот.

Реконструкцијата на објектот ќе се одвива во две фази. Согласно проектот, со првата фаза, која треба да биде завршена до крајот на годината, ќе биде извршена реконструкција на покривната конструкција и на таванскиот дел над кино-салата на објектот. Останатиот дел од покривот ќе биде реконструиран следната 2015 година во рамките на втората фаза.

Испрати коментар

Scroll To Top