Насловна / Вести / Швајцарија со светски рекорд по должина на патнички воз

Швајцарија со светски рекорд по должина на патнички воз

Швајцарската железничка компанија Rhaetian Railway објави дека поставила светски рекорд – најдолг патнички воз кој минал низ една од најспектакуларните пруги низ Алпите. Возот е долг 1,9 километри и се состои од 100 вагони и четири локомотиви. Тој минал низ рутата од Преда до Бергин која уште во 2008 година е впишана на листата на светско наследство на УНЕСКО.

Switzerland Train Record

railrecord2

 

Таа пруга се состои од 22 тунели и 48 мостови, вклучувајќи го познатиот Landwasser виадукт. Патувањето долж рутата од 25 километри траело еден час. Љубителите на возови стрпливо с енаредија покрај оваа траса з ада го овековечат патувањето. Директорот на железницата Renato Fasciati, рекол дека целта на овој рекорд е да се истакне швајцарската инженерска извонредност и да се прослави 175 години од швајцарската железница.

railrecord3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top