Насловна / Вести / Швајцарија ја згасна нуклеарната централа Muehleberg

Швајцарија ја згасна нуклеарната централа Muehleberg

Нуклеарната централа Muehleberg е исклучена минатата недела по 47 години работа, означувајќи крај на една ера и почеток на швајцарското откажување од нуклеарната енергија.

Електраната со инсталиран капацитет од 373MW, е отворена во 1972 година. Таа е првата од вкупно петте швајцарски реактори кои ќе бидат затворени по нуклеарниот инцидент во 2011 година во јапонската електрана Фукушима, кој предизвика многу безбедносни грижи во областа на нуклеарната енергетика.

Швајцарската влада соопшти дека нема да изгради ниту еден нов нуклеарен реактор, и дека ќе ги затвори постоечките по крајот на нивниот работен век.

swissn1

swissn2

swissn3

Испрати коментар

Scroll To Top