Насловна / Вести / Шумски пожар му се заканува на манастирот Трескавец

Шумски пожар му се заканува на манастирот Трескавец

Над 50 хектари со борова и нискостеблеста шума од синоќа горат околу манастирот Успение на Пресвета Богородица– Трескавец кај Прилеп. Пожарот започнал над новите градски гробишта и се проширил со огромна брзиина.

трескавец

Зафатена е планината околу манастирскиот комплекс. Противпожарната единица, градските власти и доброволци упатуваат апел сите да се вклучат во гаснењето на огнената стихија, која го доведува во опасност манастирот Трескавец, но и селата Горно Село, Мажучиште и Забрчани.

Сите доброволци кои сакаат да учествуваат во гаснењето на пожарот кај Трескавец да се обратат до противпожарната екипа во Прилеп или на телефонот 193.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top