Насловна / Вести / Шкотска продолжува кон одржлива нискојаглеродна економија

Шкотска продолжува кон одржлива нискојаглеродна економија

Skotsko zname

Шкотската влада обезбеди 26 милиони долари за финансирање на мали демонстрациски проекти, чија цел е да се помогне во развојот на инфраструктурата што ќе го поддржи развојот на стопанството со ниски емисии на јаглерод диоксид. Шкотска е посветена на развојот на такво стопанство кое ќе влијае позитивно на климатските промени и ќе придонесе за отворање на нови работни места. Се проценува дека во 2015 година во Шкотска, компаниите со активности со ниски емисии на јаглерод диоксид вработувале 21.000 луѓе и имале пазарна вредност од 7,3 милијарди долари.

Skotska energetska asocijacija

Шкотската влада истакнува дека ќе продолжи да го поттикнува зеленото стопанство и покрај британската одлука за Brexit, но сепак смета дека останувањето во рамките на ЕУ е најдобриот интерес за земјата. Енергетскиот сектор се наоѓа во фокусот на интересите на Шкотската влада, иако се истакнува дека сепак „клучот“ за развојот на енергетиката и натаму е кај централната британска влада која ја дефинира даночната политика.

 

Испрати коментар

Scroll To Top