Насловна / Вести / Реконструкција и санација на улици и сообраќајници во општина Бутел

Реконструкција и санација на улици и сообраќајници во општина Бутел

Општина Бутел ја почна реконструкцијата и санацијата на повеќе улици и сообраќајници: „Хо Ши Мин“, „Петар Манџуков“, „Боро Менков“, „Качанички пат“, улицата „1151“ во Визбегово, како и повеќе улици во Љубанци и Љуботен.

– Прв за обнова е стариот Качанички пат и другите пристапни патишта во индустриската зона Визбегово. Вкупната должина на санираните сообраќајници ќе изнесува еден километар со што ќе биде подобрена сообраќајната комуникација во индустриската зона, информира општина Бутел.vizbegovo-ulica

На сите сообраќајници ќе биде извршено машинско гребење на повеќе од 2.000 метри квадратни и ќе биде вграден асфалт во износ од 350 тони.

Општина Бутел работи и на донесувањето на урбанистичките планови за Визбегово. Урбанистичкиот план за индустриската зона Визбегово го изработува Агенцијата за просторно и урбанистичко планирање во опфат од 117 хектари, а општина Бутел го изработува урбанистичкиот план за населеното место Визбегово, со кој ќе биде опфатена површина од 170 хектари.

Изведувач на градежните работи е фирмата „Гив Груп“ од Скопје. Од буџетот на општината обезбедени се 4,9 милиони денари.

Испрати коментар

Scroll To Top