Насловна / Арт и дизајн / Шест најдобри светски музеи кои нудат виртуелни посети

Шест најдобри светски музеи кои нудат виртуелни посети

Во време на пандемијата, музеите се главно затворени. Некои работат во услови прилагодени на мерките за заштита, а некои нудат сосема поинакво доживување – онлајн посети.  Музеите кои се отворија онлајн се сé побројни. Овде нудиме листа од шест познати музеи кои ја имаат оваа понуда.

Британскиот музеј во Лондон поседува повеќе од осум милиони експонати. Бесплатен увид во некои колекции нуди и вo онлајн турата, и тоа со здружени сили со Google. Музејот е основан во 1753 година. Тој е најстариот јавен музеј во светот и важи за една од најубавите згради во Лондон.

british

И Версај ги отвори вратите онлајн со помош на Google. Поради пандемијата музејот е затворен, но затоа нуди увид во своите експонати на поинаков начин. Актуелни се виртуелните изложби за Луј XIV, за неговиот политички живот и односот со други те јавни личности од неговото време, преку слики и портрети. Тука е и виртуелната приказна за историјатот на самиот Версај. Онлајн посетителите можат да уживаат во бројните сликарски дела, гравури, скулптури…

versailles

Лувр мами со изложбите посветени на Стариот Египет, сликите на Микеланџело и Рембрант, како и со тематската изложба „Игри на моќта“.

louvre

Музејот на модерна уметност во Њујорк (MoMA) исто така овозможува виртуелни обиколки. Колекцијата на музејот претставува врвен преглед на модерната уметност од областа на архитектурата, дизајнот, сликарството, вајарството, филмот и сл. Библиотеката и архивата на музејот содржат над 300.000 книги и предмети. Постојат и бесплатни тури, како и тури за кои е потребно да се плати членарина.

MoMA

Смитсонијан, кој опфаќа група на музеи и истражувачки центри, исто така е отворен за посетители „од фотеља“.  Комплексот поседува повеќе од 100 милиони предмети, и опфаќа 19 музеи, 21 библиотека, зоолошка градина и останати објекти сместени во Колумбија, Аризона, Мериленд, Тексас, Панама… Може да се погледнат изложби и експонати од светот на цицачите, морскиот живот, скелети на диносауруси, фосили…

smithsonian

Музејот на Салвадор Дали во Фигерас во Шпанија, направил посебен 3D приказ на единствената колекција под слоганот: Посетете го музејот како што тоа никогаш претходно не сте го направиле“. Славниот уметник во објектот поставил бројни предмети кои се поврзани со неговиот бурен живот, а меѓу нив има и автомобил.

dali

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top