Насловна / Архитектура / Share architects ги собра европските архитекти во Скопје

Share architects ги собра европските архитекти во Скопје

На 19 февруари во Македонската филхармонија во Скопје се одржа второто издание на настанот Share architects. Share форумот е значајна платформа за области поврзани со градењето и архитектурата во централна и источна Европа.
ABplus настани, PROEVENT е главен организатор на настанот во соработка со Асоцијацијата на архитекти на Македонија – ААМ.
Настанот го отворија директорот на Share и основач на Abplus, PROEVENT , Florin Mindrigiu и претседателот на ААМ, Мартин Пановски.

A75_0152
Смислата на Share architects се состои во поврзување и размена на знаења, споделување на размислувања, концепти и идеи, неформални дебати и залагање за потенцијалот на архитектонската професија во Централна и Источна Европа. „Ние создаваме врски, интелектуални и професионални врски, а оваа мрежа успева да воспостави една заедница што постојано расте“, вели Mindrigiu.
Share Скопје беше организиран во три сесии: Скопје утре – големи проекти, Архитектура и фасади и Специјален гостин. Говорниците беа од повеќе земји: Турција, Бугарија, Шпанија, Велика Британија, Холандија, Словенија и Македонија.

20190219_101105
На првата сесија „Скопје утре – големи проекти“ која воедно и најдиректно нè засега бидејќи се однесуваше на случувањата во нашиот град, беа претставени проектите „Скопје источна порта“, проект на локација каде што беше Скопскиот саем и проектот „Дајмонд Лимак“ на локацијата кај Старата железничка станица. Се работи за два проекта со исти содржини, резиденцијален дел, деловни објекти, трговија и угостителство. Приказната е многу слична, а презентирани беа главно 3Д- слики, шеми на објектите и идентична реторика, дека се работи за современи објекти кои ќе придонесат за градот, неговите жители, а ќе привлечат и туристи. И едниот и другиот објект се со амбиција да станат „лендмарк“ на Скопје, на места кои веќе беа „лендмарк“ и се длабоко врежани во меморијата на скопјани.

20190219_103011
Бујар Муча, косопственик на бирото „Мегарон“ од Скопје го презентираше проектот за реновирање на некогашниот Театар на народности, денес Албански театар, објект проектиран од архитект Вера Ќосева. Убава презентација за почитување на авторство, негување на вредната архитектура која ја имаме и односот спрема истата, која како што изјави архитект Муча: „објект генијално поставен и решен на кој не може и не смее ништо да му се додаде и одземе“. Особено што сме свесни дека во изминатиот период дел од архитектите покажаа дрскост и необразование посегнувајќи по автентичноста на архитектурата на објектите во Скопје, зборуваше Муча во своето излагање.

_DSC0492
Понатаму следуваа и другите говорници – архитект Мартин Христов, основач на бирото E-ARCH Studio од Варна, Бугарија кој ги претстави нивните реализирани објекти во сферата на домувањето и туризмот, архитект Kerem YAZGAN, основач на Yazgan Design Architecture од Турција кој говореше за идејни решенија за интеракција на објектите и зеленилото.
Еден од десетте најдобри дизајнери на осветлување, архитект Mark Sutton Vane од Велика Британија одржа предавање на тема „Светлината ја открива архитектурата“.
Меѓу другите говорници беше и Hui-Hsin Liao, една од главните проектанти во светски познатото холандско биро MVRDV и го претстави проектот „Taipei Twin Towers & Tianjin Binhai Library“, плоштад за Тајпеј и Културен центар со светлечки аудиториум и каскади.

_DSC0497
Едни од главните ѕвезди на Share беа шпанскиот архитект Fernando Menis кој дипломирал на Barcelona Institute of Architecture и е основач на проектантското биро Menis Architects со седиште во Мадрид и Тенерифе. Тој одржа презентација „CKK Jordanki: Backstage“ – зграда која воспоставува складен однос со природата и природното опкружување.

A75_0690

И секако, нашата Мимоза Несторова- Томиќ, урбанист и архитект која одиграла значајна улога во урбанистичкото планирање и обновата на Скопје после земјотресот во 1963. Работела во тимот за реконструкција на Старата скопска чаршија. Проектант е заедно со архитект Кирил Муратовски на комлексот Музеи Македонија, добитник е на наградата од ААМ, „Андреја Дамјанов“, проектант е на култното „Беко“, како на објектот така и на целиот ентериер. Несторова-Томиќ на присутните им говореше за своето творештво, а од Share architects ја доби наградаta Opera Omnia Certificate за нејзината централна улога во проектите од меѓународно значење за својата работа во Македонија.

A75_0622

_DSC0480

 

Испрати коментар

Scroll To Top