Насловна / Арт и дизајн / Shadow Chair и пркоси на гравитацијата

Shadow Chair и пркоси на гравитацијата

Без сомнение, оваа столица наречена Shadow Chair навидум и пркоси на гравитацијата. Не, тоа не е магичен трик, тоа е трик на окото на Duffy London; тајната е во тоа што сенката е всушност дел од столицата. Идејата не е нова, но темата се повторува со доза на забава и експериментирање: седишта со две нозе, навидум не се потпрени, всушност ги држат лажните сенки што ги фрлаат.

1

Некои од сенките се долги, а некои се кратки, па изгледаат пореално во зависност од тоа како се поставени и од каде доаѓа светлината.

Основната верзија е од матиран или полиран нерѓосувачки челик. Но Shadow Chair е достапна во голем број завршни обработки и по нарачка.

2

Во 2002 година, Кристофер Дафи, дипломирал дизајн на Универзитетот во Брајтон, започнал  скромно создавајќи производи во својата кујна.

Бидејќи одамна ја прерасна кујната, Duffy London сега го изведува своето волшебство за правење мебел во пространо студио во источен Лондон.

3

Дизајните на Duffy London се засновани на идеи, комбинирајќи уметност и функција и си играат со концептите на гравитација, геометрија и илузија.

Иновативните и чудни дизајни потекнуваат од умот на Кристофер Дафи, но тој исто така црпи идеи од неговиот талентиран тим дизајнери, занаетчии и производители за да ги претвори концептите во квалитетни парчиња.

4 5 6

Испрати коментар

Scroll To Top