Насловна / Вести / Северна Македонија влезе во семејството на држави кои имаат Национална црвена листа

Северна Македонија влезе во семејството на држави кои имаат Национална црвена листа

Република Северна Македонија влезе во семејството на држави кои имаат Национална црвена листа. На завршниот настан од втората компонента на GEF/UNEP проектот “Постигнување заштита на биодиверзитетот преку креирање и ефективно управување со заштитените подрачја и одржување на биодиверзитетот во планирањето на користењето на земјиштето” беа презентирани резултатите од досегашниот, двегодишен процес на изработката на националните Црвени листи во Република Северна Македониjа. Ова е прв пример во регионот каде постапката одела согласно најстрогите препораки на IUCN.

crvena lista
Исто така, беше презентирана и националната веб-страница на Црвени листи, деталните Црвени листи за влечуги и водоземци, приоритетната листа за васкуларни растенија, а се разговараше и за употребата на црвените листи во националната политика, како и за понатамошниот развој на Црвените листи во нашата држава.
Националните црвени листи се важна алатка за мониторинг на биолошката разновидност и ќе помогнат да се идентификуваат приоритетните видови и подрачја за креирање на успешна политика за заштита и зачувување на природа. Изработката на Црените листи претставува една од најзначајните активности на МЖСПП во подрачјето на заштитата на природата, а воедно е и една од приритетните акции од Националната стратегија за заштита на природа 2017-2028г.

crvena lista1
Во рамки на Проектот, идентификувани и систематизирани се 46 видови од Херпетофауна (водоземци и влекачи) и извршена е проценка на 14 растителни видови, кои имаат меѓународен и национален статус на заштита.
Националните црвени листи им помагаат на земјите во поефикасно утврдување на статусот и трендовите за зачувување на видовите, креирање политики, подигнување на свеста за загрозени видови и интегрирање на вредностите на биолошка разновидност во процесите на развој и планирање.

Испрати коментар

Scroll To Top