Насловна / Вести / Сертификати за кадрите од областа на енергетската ефикасност

Сертификати за кадрите од областа на енергетската ефикасност

build-up-skills

Македонија има стратегија според која предвидува до 2020 година енергетски ефикасни да бидат 35 проценти од јавните објекти. Еден од начините тоа да се оствари е со континуирана едукација меѓу останатите и на градежните работници. Деталите беа презентирани на настанот што беше организиран во Стопанската комора на Македонија.

– Во земјава постои кадар кој работи на енергетски ефикасни објекти, но тоа засега не е препознаено. Проектот „Билд – ап скилс“ почнува со обука на тренери кои своите вештини за енергетска ефикасност потоа ќе ги пренесат на работниците, – истакна Јадранка Аризанковска од Дирекцијата за меѓународна соработка при Комората.

shutterstock_139595588
Повикот е распишан пред пет дена и ќе трае до 15 март. Кандидатите треба да имаат завршено високо образование во областа на градежништвото, електроенергетиката, архитектурата и машинството, четиригодишно средно техничко или тригодишно стручно со трет степен на квалификации. Потребно е и работно искуство од најмалку пет години во струката, како и минимум две години во спроведување мерки за енергетска ефикасност.

greenorangehouse
Како што нагласи Аризанковска, од проектот треба да произлезат вкупно 200 тренери. Обуките ќе траат 10 дена, а по нивното завршување кандидатите ќе стекнат сертификати валидни и во Хрватска и во Словенија како земји-учеснички во иницијативата „Билд-ап скилс“.

Според најновите законски измени за добивање дозвола за градба, мора да се приложи и елаборат за енергетска ефикасност. Ова важи и за станбените објекти.

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top