Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Семинар – Macedonian Energy Efficiency Networking Day 2014

Семинар – Macedonian Energy Efficiency Networking Day 2014

seminar na komora za mal biznis
Стопанската комора на мал бизнис на Македонија со Здружението за енергетска ефикасност „ЕУРЕМ МК“ и Robert Schmidt, раководител на делегацијата на Индустриска стопанска комора на Нинберг, организира Семинар за енергетскa ефикасност и обновливи извори на енергија – Macedonian Energy Efficiency Networking Day 2014, кој ќе се одржи на 28 февруари 2014 година (петок) со почеток од 10.00 часот, во Скопје.

На овој отворен настан се планира да присуствуваат и гости од Словенија, Црна Гора, Србија и Косово, кои ќе дискутираат за проекти кои можат да добијат поддршка од достапните регионални фондови за енергетска ефикасност, кредитните линии за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија на комерцијалните банки. Исто така, на семинарот ќе бидат претставени практични и иновативни решенија за имплементација на техничките уреди и системи во функција на енергетски ефикасно искористување на енергијата во комерцијални објекти, објекти на јавни установи и објекти за домување, како и понуда на финансиски инструменти и услуги за финансирање на проекти за производство или имплементација на уреди и системи за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.

Се планира и промоција на почеток на обуките за eвропски eнергетски менаџери – проект EUREM Plus на Intelligent Energy Europe во Македонија – втора генерација 2014.

Испрати коментар

Scroll To Top