Насловна / Арт и дизајн / Изложба на Дејвид Бакингем во Лондон

Изложба на Дејвид Бакингем во Лондон

дејвид бакингем во лондон_2

“Under the Influence” е првата самостојна изложба во Лондон на провокативниот американски уметник Дејвид Бакингем, која е отворена деновиве во галеријата Scream.

Дејвид Бакингем е познат по користењето на различни метални делови во своите дела. Тој собира детали од отфрлените автомобили и од бела техника во калифорниската пустина, а ваквиот начин на работа и рециклирање потсетува на творештвото на Роберт Раушенберг кој користел предмети пронајдени на улица. Со спојување на бои и метални детали, Бакингем го провоцира гледачот, а своите текстови ги гледа како моќна алатка за комуникација со публиката.

дејвид бакингем во лондон_1 дејвид бакингем во лондон_1

„Мојата работа е многу лична“, истакнува Бакингем, осврнувајќи се на неговата хероинска зависност во минатото. Неговиот пристап кон уметноста е како струја на свеста, а неговото творештво го сметаат како споменик во јазикот и симболиката на современоста. Самото рециклирање на несакани нешта и нивното претворање во уметнички дела го симболизира патувањето на уметникот од дното кон новиот живот.дејвид бакингем во лондон_2 дејвид бакингем во лондон_3 дејвид бакингем во лондон_3 дејвид бакингем во лондон_4 дејвид бакингем во лондон_4

Неговите дела се наоѓаат во колекции на познати јавни личности од светот на шоу бизнисот и уметноста.

Изложбата ќе биде отворена во лондонската галерија Scream до 29 март оваа година.

Испрати коментар

Scroll To Top