Насловна / Вести / Селата Волково и Орман ќе добијат современ пат

Селата Волково и Орман ќе добијат современ пат

Орман со современ пат

Започнаа градежните работи на локалниот пат кој ги поврзува с. Волково и с. Орман во општината Ѓорче Петров. Со целосната реконструкција оваа делница ќе добие нов лик. Со новиот проект патот ќе биде широк 5,5 метри и ќе има тротоар со широчина од 1,5 метри на левата страна на патот од Волково кон Орман. Должината на патот ќе изнесува 2.040 метри, а ќе биде поставено и ново улично осветлување. Претходно е спроведена канализациска мрежа, што, исто така, е од голема важност за сите жители од овој дел на општината, а посебно за ОУ „Јоаким Крчовски“, кое, исто така, набргу ќе биде биде приклучено на новоизградената канализација. Градежните работи ги изведува АД „Карпош” – Скопје и истите ќе траат до крајот на август оваа година. Средствата во висина од 20 милиони денари се обезбедени од буџетите на Агенцијата за рурален развој и од општината.

Испрати коментар

Scroll To Top