Насловна / Вести / Се уредува зеленилото на булеварот „Видое Смилевски Бато“

Се уредува зеленилото на булеварот „Видое Смилевски Бато“

video smileski bato zelenilo

Екипи на Град Скопје во текот на изминатава недела уредија дел од зеленилото на булеварот „Видое Смилевски Бато“, во реонскиот центар Аеродром, со вкупна површина од 2.200 квадратни метри.

Откако се изврши прекопување на земјата и се постави систем за автоматско наводнување на зеленилото со 25 прскалки и тајмери, се израмни површината и се насеа трева.

Во текот на наредната недела ќе се уредува и зеленилото пред објектот на поштата на булеварот „Видое Смилевски Бато“.

На уредувањето на зеленилото работеа екипи на ЈП „Паркови и зеленило“.

Испрати коментар

Scroll To Top