Насловна / Порта3 / Сè што ви треба за живеење – во стан од осум квадрати

Сè што ви треба за живеење – во стан од осум квадрати

Во повеќето големи градови просторот за живеење е премија. Па луѓето се приморани да живеат во сè помали и помали станови. Еден таков град е Париз, каде што луѓето почнуваат да се вселуваат во малите соби порано наменети за послугата, а кои се претворени во апартмани-студија. Бидејќи собите за послугата по обичај се наоѓале на највисокото ниво под покривот, со текот на времето станувале килери, каде што се складирало сè и сешто, но потребата од дополнителен станбен поростор предизвикува дизајн студија да излезат со решенија за нив. Едно од нив е решението на студиото „Китоко“.

Во конкретниов случај станува збор за апартман-студио од осум квадратни метри, опремено со сè она што му е неопходно на човек за да спие, да готви, да јаде, да се мие, да работи, но и да остане доволно простор за чување облека а и други работи. Во дизајнерското студио велат дека дизајнот се однесува според концептот „швајцарски војнички нож“, кој успева да собере голем број корисни алатки во многу мал објект.

8sqm_paris_02 8sqm_paris_03 8sqm_paris_04 8sqm_paris_05 8sqm_paris_06

 

Испрати коментар

Scroll To Top