Насловна / Вести / Се санираат дупките на скопските сообраќајници

Се санираат дупките на скопските сообраќајници

По налог на Град Скопје, екипи на ЈП „Улици и патишта“ деновиве реализираат акција за санирање на ударни дупки на коловозите на градските сообраќајници.

Како што информираат од Градот, станува збор за редовна акција по завршување на зимската сезона, кога на дел од коловозите има оштетувања од снегот и солта.Saniranje

Ударни дупки се санираат на следните булевари: Партизански одреди, Илинден, Гоце Делчев, Александар Македонски, Босна и Херцеговина, Христијан Тодоровски Карпош, Словенија, Митрополит Теодосиј Гологанов, Киро Глигоров, Србија и Борис Трајковски.

Со оваа санација се опфатени и повеќе скопски улици: Јадранска магистрала, Тодор Александров, Љубљанска, Московска, Лука Геров, Ферид Бајрам, Методија Андонов Ченто, Благоја Стефковски, Перо Наков, Лазар Личеновски, Ѓорче Петров, Васил Чакаларов, како и патот за Арачиново.

Од Град Скопје информираат дека санирањето на ударните дупки на градските сообраќајници континуирано ќе продолжи и во наредниот период.

Испрати коментар

Scroll To Top